Гевгеличанка „осудена“ бидејќи читала книги по 15 часа на ден

by Fokus 19:47
19:47

Интервјуто на гевгеличанката Томитка Раданлиева, која лани прочитала 438 книги, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, кои наместо пофалби, ѝ донесоа негативни и навредливи коментари. Што велат експертите за ваквиот изблик на говор на омраза мотивиран од родовите стереотипи?

Пишува: Јорданчо ЦВЕТАНОСКИ

Сте се прашале ли што ги тера луѓето на невидена злоба и зајадливи коментари, дури и за работи, кои би требало да бидат афирмативни и да служат за пофалба. Дали делењето „совети“ е резултат на нашиот балкански ген, или, пак, во прашање се длабоки стереотипи и бегство од сопствените неисполнети животи?

Таков беше случајот со гевгеличанката Томитка Раданлиева, која во интервју за „Фокус“ неодамна раскажа дека минатата година прочитала 438 книги, што е потег кој треба силно да се респектира.

Интервјуто предизвика низа реакции на социјалните мрежи, кои, за жал, беа главно негативни на сметка на Раданлиева, а најгласни беа коментарите на „експертите за живот“, кои очигледно најмногу беа предизвикани од тоа што таа некогаш чита и до 15 часа во денот.

„А, кога переш, готвиш и пеглаш? Нели семејството е на прво место. Немаш живот. Изгледа ништо не работиш и се излежуваш, тешко на твоите што те трпат“.

Ова беа само дел од невкусните коментари на сметка на нашата соговорничка поради нејзината пасија – книгите.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости