Германското МВР за ДВ: Слободен влез за македонските граѓани од 20 јуни

by Fokus

Министерството за внатрешни работи во Берлин на барање на Дојче веле ги разјаснува дилемите во врска со влезот на македонските граѓани во Германија.

Во одговорот што Дојче веле го доби денеска од Министерството за внатрешни работи во Берлин во врска со влезот на македонски граѓани во Германија, се вели:

-Со оглед на опаѓањето на бројот на инфекции во повеќе трети држави (држави кои не се членки на ЕУ, н.з.), Сојузната влада овозможува влез во иднина за каква било цел на престој, вклучително и туризам од САД, Тајван, Хонгконг, Макао, Албанија, Србија, Северна Македонија и Либан. Новото правило стапува на сила во недела, 20 јуни, во 00:00 часот. Со тоа Сојузната влада ја следи препораката на Министерскиот совет на ЕУод денеска.

Со тоа листата на трети држави од каде може да се патува за Германија без ограничувања е проширена на вкупно 15 држави. Покрај новододадените, на неа веќе се наоѓаат и Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд. Граѓаните кои имаат место на престој во некоја од овие држави смеат да патуваат и без да имаат есенцијална причина и независно од тоа каков е нивниот вакцинален статус.“

Поврзани новости