Германските виролози алармираат: Ќе се изгуби контролата над заразата

by Fokus

Друштвото за вирологија на Германија денеска предупреди на страшни последици од неконтролирано ширење на новиот корона вирус престојната зима во земјата.

Друштвото апелираат на научно засновано дејствување против пандемијата.

– Поради експлозивната динамика на инфекцијата, што е забележана ширум Европа постои стравување дека од некоја одредена точка ќе дојде до губење на контрола над заразата, истакнуваат виролозите.

Тие жестоко се против имунитетот на стадото,бидејќи тоа би можело да доведе до преоптоварување на здравствениот систем. Според нив германскиот систем би бил преоптоварен поради недостиг на персонал на интензивна нега ако би имало околу 20.000 новозаразени со Ковид-19 на дневно ниво, како и дека неконтролираното ширење на заразата би довело до големброј на смртни случаи.

Виролозите истакнуваати дека се уште не е докажано колку долго трае имунитетот стекнат по инфекцијата, додавајќи оти кај асимптоматските случаи, пред се кај младите лица, не постои стабилен имунитет.

Поврзани новости