Германскиот „тешкаш“ доаѓа неделава?

by Фокус

Специјалниот германски пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл се очекува наскоро повтроно во Македонија.

Се очекува тоа да се случи четврток или петок. Како искусен дипломат, вистински дипломатски „тешкаш” и познавач на состојбите на Балканот и во Македонија, тој во координација со ЕУ и САД се вклучува во разрешувањето на политичката криза. Берлин е сериозно загрижен за демократијата и владеењето на правото во Македонија.

Тој при првата посета на земјава, се сретна со лидерите на политичките партии и ги ислуша нивните ставови. Изјава не даде, туку  се огласи преку писмена изјава што ја испрати до медиумите германската амбасада. Во изјавата пишуваше дека е дојден првенствено за да ислуша.

„Дојдов да се запознаам со ситуацијата и првенствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од САД и ЕУ да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активна поддршка на тие напори. Развојот на настаните во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот“, напиша Хајндл.

Нема официјална потврда за новата посета на Хајндл.