Германскиот канцелар Шолц под истрага

by Фокус

Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на истражните органи поради аферата што се случила додека тој бил градоначалник на Хамбург.

На 19-ти август Шолц ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург.

Германскиот канцелар е обвинет дека додека бил градоначалник на Хамбург и помогнал на „Варбур банка“ да задржи 47 милиони евра, побарувања на даночните власти.

Обвинителството наредило да се претресат неговите мејлови кои ги добивал и ги испраќал преку неговата службена електронска адреса.

Истражните органи ги пребарале сите мејлови од 1 јануари 2015-та година, како дел од истрагата за таканаречената афера „Кум екс“, пишува весникот „Хамбургер абендблат“.

Во ноември 2016 година била донесена одлука да се откаже од барањето за ретроактивна наплата на данок во износ од 47 милиони евра до Хамбуршката „Варбург банка“.

Во истражните документи стои дека Шолц имал средба со шефот на таа банка.

Истрагата првенствено е насочена против долгогодишниот пратеник на СПД, Јоханес Карс, кој е осомничен за проневера и помагање во затајување данок.

Поврзани новости