Германски вирусолог: Веројатно следната година ќе треба да се вакцинираме и со трета доза против Ковид-19

by fokus

Веројатно следната година сите граѓани ќе треба повторно да се вакцинираат против Ковид-19, вели првиот човек на германскиот Советодавен комитет за вакцинација (Стико) од институтот „Роберт Кох“ во Берлин, вирусологот Томас Мертенс.

-Вирусот нема да нè напушти. Во принцип, треба да се подготвиме сите бидејќи можеби ќе треба да се освежи заштитата со вакцини следната година, вели Мартенес за весникот „Функе“, пренесува „Еуроњуз“.

Тој вели дека сè уште нема доволно податоци за да се каже кога точно ќе треба да се прими нова доза и дали заштитата слабее побрзо во одредени групи, па тие ќе имаат поитна потреба од вакцина.

Ваквите коментари на Метенс доаѓаат еден месец откако извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, изјави дека веројатно на луѓето ќе им треба трета, „засилувачка“ доза од вакцината откако ќе поминат 12 месеци од примањето на втората доза.

Поврзани новости