Германски виролог предупредува: Периодот меѓу двете вакцини е многу опасен

by Fokus 10:39
10:39

Главниот виролог на универзитетската клиника Хајделберг, Ханс-Георг Кројслих предупредува на опасност од создавање нови мутации на корона вирусот, посебно во периодот меѓу примањето на двете дози од вакцината против Ковид-19.

– Загрижувачки е доколку во следните недели се случи голем број луѓе по примањето на првата вакцина да имаат нецелосна заштита и истовремено да се појават повеќе зарази. Тоа би било жариште за нови мутации, кои можат да ги заобиколат ефектите на вакцината, истакна Кројслих за весникот „Рајн Некар Цајтунг“.

- Advertisements -

Тој нагласи дека кај делумниот имунитет можат да се создадат резистентни варијанти на вирусот.

– Ако се инфицираат голем број луѓе, кои се уште немаат целосен имунитет, тогаш се зголемува веројатноста за појава на нови мутации, додаде германскиот виролог.

Поврзани новости