Германски покраински министер се самоуби поради ситуацијата со корона вирусот

by fokus 20:56
20:56

Германија е во шок откако вчера беше пронајдено безживотното тело на министерот за финансии на покраината Хесен, Томас Шефер. Тој си го одзел животот поради пандемијата на Ковид-19, јави Дојче веле.

Според информациите, полицијата се сомнева дека Шефер извршил самоубиство во очај поради проблемите со кои се соочувала владата во неговата покраина со кризата со корона вирусот.

Телото на 54-годишниот Шефер, кој беше член на демохристијанската партија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, беше пронајдено во саботата во близината на железничката пруга југозападно од Франкфурт. Истрагата досега покажа дека си го одзел животот. Полицијата и обвинителството велат дека тоа е заклучокот според сите фактори, вклучително и испитувањето на сведоците.

- Advertisements -

Поврзани новости