Германија со девет милијарди евра ќе ја спасува економијата

by fokus

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц денеска изјави дека се одобрени околу девет милијарди евра од помошта ветена во рамките на владиниот антикризен пакет за намалување на економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Владата соопшти дека се поднесени 1.800 апликации, од кои досега се одобрени 1.500.

Германскиот Парламент минатата недела го укина уставното ограничување за државниот долг и одобри обемен план на стимулативни мерки за помош на компаниите и граѓаните.

Поврзани новости