Германија планира да вложи уште 6,2 милијарди евра за вакцини

by Фокус 22:46
22:46

Германската влада планира да стави на располагање дополнителни 6,2 милијарди евра за набавка на вакцината против „ковид-19“ на европско ниво.

Дополнителните средства ќе го зголемат германскиот буџет за набавка на вакцини оваа година на околу 8,9 милијарди евра.

- Advertisements -

„Со ова, Министерството за здравство има намера да набави вкупно до 635,1 милиони дози на вакцината“, напиша државниот секретар за финансии Бетина Хагедорн.

Досега, Германија администрирала скоро 3,3 милиони дози вакцини против ковид-19, според германското Министерство за здравство. Приближно 2,8 проценти од популацијата ја примиле првата доза.

Поврзани новости