Германија ја ограничува употребата на АстраЗенека на лица над 60 години

by Фокус

Вакцината против Ковид 19 на компанијата АстраЗенека од утре ќе треба да се дава само на лица над 60 години, одлучија денеска германските сојузни и државни министри за здравство.

Луѓето под 60 години треба да можат да ја примат вакцината, но само „по одлука на лекарите и по индивидуална анализа на ризик и детално објаснување“, се наведува во одлуката на министрите за здравство.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан и министрите за здравство на 16-те покраини одлуката ја донесоа на попладневниот итен состанок, откако здравствените власти во Берлин и Минхен одлучија да ја прекинат употребата на вакцината АстраЗенека за лицата помлади од 60 години.

Поврзани новости