Германија има недостиг од 440.000 работници

by fokus 21:52
21:52

Работа има, а нема работници – и тоа е голем проблем на кој укажуваат сѐ повеќе германски фирми. На Германија во моментов ѝ недостасуваат 440.000 висококвалификувани работници.

Само во електроиндустријата има кусок од 50.000 инжинери, во ИТ-секторот околу 55.000 стручњаци, додека во машиноградбата околу 11.000 – односно 50 отсто повеќе од минатата година, пишува Дојче веле.

- Advertisements -

Дури 60 отсто од германските фирми истакнуваат дека недостатокот на квалификувани работници им е најголем деловен проблем.

Поврзани новости