Германија го купи лекот со кој Трамп се лекуваше од корона вирусот

by fokus 11:32
11:32

Веќе неколку вакцини се произведоа против корона вирусот, но медикаменти за лекување на болните се уште се малку. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан закупил 200.000 дози од препарат, кој му помогнал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при инфицирањето со Ковид-19.

Германската Влада купи нов лек базиран на антитела, пишува „Тагесшау“.

- Advertisements -

– Од следната недела, Германија ќе стане првата земја во ЕУ, во која ќе се користи овој лек. Федералната Влада купи 200.000 дози за 400 милиони евра, што изнесува 2.000 евра за една доза, потврди Шпан.

Според информациите, со овој лек базиран на антитела, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се лекувал кога се заразил со корона вирус.

Антителата делуваат како пасивна вакцина. Инјектирањето на овие антитела може да помогне при спречување на тешки заболувања кај ризични пациенти во рана фаза. Весникот „Тагесшау“ потсетува дека на почетокот на октомври, Трамп бил третиран со коктелот REGN-COV2 на американската компанија „Регенерон“.

Активната состојка на REGN-COV2 е комбинација од две специјално развиени антитела, кои се врзуваат со т.н. „заразен“ протеин на корона вирусот и на тој начин можат да ја деформираат неговата структура. На тој начин може да се спречи корона вирусот да ги нападне човечките клетки и да се развива. Според „Регенерон“, комбинацијата на две различни антитела треба да спречи мутација на вирусот Sars-COV2.

Поврзани новости