Германија ги укина претходните одлуки и ја одобри Астра Зенека за сите возрасти

by fokus

Германија ќе дозволи вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 да се дава на луѓе од сите возрасти, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Со ова се поништи претходната одлука со која вакцината на Астра Зенека беше дозволена само на постари од 60 години.

Шпан исто така рече дека Германија планира до крајот на август да им ја понуди вакцина на деца на возраст од 12 до 18 години, под услов регулаторите да ја одобрат вакцината на Бионтек/Фајзер за таа возрасна група.

Поврзани новости