Германија ги испрати првите две единици за ПВО „Патриот” близу украинската граница

by Fokus

Германија денеска ги испрати првите две од трите планирани единици за противвоздушна одбрана „Патриот” во полскиот град Замошќ во близина на границата со Украина, каде ќе бидат распоредени за да се спречат напади со залутани ракети.

Откако во ноември минатата година две лица загинаа од заскитан украински проектил што го погоди полското село Пржеводов, а инцидентот предизвика страв дека војната во Украина ќе се прелее преку границата, Берлин понуди да распореди три од своите единици „Патриот” во Полска за да помогне во обезбедувањето нејзиниот воздушен простор.

„Една од причините зошто Германија сега ќе го поддржува источното крило на НАТО во Полска со „Патриоти” е секако затоа видовме колку брзо може да дојде до прелевање на конфликтот меѓу Русија и Украина на земјите-членки на НАТО”, изјави полковникот Јерг Сиверс за новинарите во источногерманскиот град Гнојен пред истраќањето на единиците „Патриот”.

Сиверс, кој ќе командува со германската единица во Полска, ја подвлече одбранбената природа на системот „Патриот”.

-„Патриот” е стриктно одбранбен систем и се надеваме дека ќе можеме да обезбедиме доволно заштита таму за да спречиме напади или несреќи како тие во ноември”, додаде Сиверс

Поврзани новости