Германија бара опозицијата да не ја блокира македонската Влада за доброто на граѓаните

by fokus

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел испрати апел до македонската опозиција да не го блокира добриот почеток на новата влада и да не одбива конструктивна соработка со власта, соопштија од германското МНР по средбата на Никола Димитров со неговиот германски колега Зигмар Габриел.

-Сакам да испратам апел до актуелната опозиција да не го блокира овој добар почеток на новата Влада и да не одбива конструктивно да соработува со неа, бидејќи сето ова нема да биде на сметка само на европската перспектива на земјата, туку и на граѓаните во земјата, кои се надеваат на видлив напредок и на подобрување во нивните животи, рекол Габриел.

Тој подоцна на Твитер напиша:  „Импресивен старт на новата влада во Македонија. Сега е клучно да се имплементираат реформите.“

Поврзани новости