Германија бара Иванов веднаш да го даде мандатот на парламентарното мнозинство

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов треба веднаш да го даде мандатот на парламентарното мнозинство и да се стави крај на блокадата во Македонија, побара министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел.

-Сметам дека е потребно уште еднаш да се побара од македонскиот Претседател и од парламентарните партии сега да овозможат формирање на влада и да стават крај на блокадата. Постои парламентарно мнозинство во Собранието, кое се оформи после изборите и врз основа на изборите. Степенот на неизвесност, кој моментално го имаме и при кој повторно се будат старите емоции, е голема опасност. Затоа сакаме да се ангажираме за тоа, на целиот Западен Балкан, а особено по однос на актуелната ситуација во Македонија, да се води грижа за да дојде до воспоставување на мирен и демократски соживот, изјави германскиот министер Габриел.

За загриженоста за ситуацијата во Западен Балкан и пред се во Македонија, Зигмар вчера разговарал со неговиот шпански колега Алфонсо Дастис во Берлин.

Поврзани новости