Герила акција: „Неискосената трева крај патот го зголемува ризикот од несреќи“.

by Fokus

Покрај автопатот кон Маврово, денеска се појавиja фигури на луѓе што косат. На фигурите пишува: „Неискосената трева крај патот го зголемува ризикот од несреќи“.

– Идејата на оваа акција е да се опоменат надлежните (Македонија пат) за потребата од косењето високои треви покрај патиштата бидејќи неискосената висока трева и џбуновите кои растат до самиот раб на патот ја намалуваат преледноста и ги загрозуваат учесниците во сообраќајот. Со ова акција сакаме да ја подигнеме видливоста на овој проблем присутен речиси секаде низ Македонија и да придонесеме кон зголемувањето на безбедноста на ситеу чесници во сообраќајот. Со олед дека најголемиот број регионални патишта во Македонија, се обраснати со треви, време е надлежните да ги фатат косите (им оставивме неколку ако немаат) и да придонесат кон зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, велат активистите. Акцијата е поддржана од Цивика мобилитас.

Поврзани новости