Георгиевски за избори следната пролет, Заев бара на есен

by fokus 15:29
15:29

Партијата што ја предводи Љубчо Георгиевски смета дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат заедно со редовните локални избори, во третата недела од март 2017 година.

Во соопштението во кое се осврнува на годишнината од потпишувањето на Пржинскиот договор, од ВМРО Народна партија посочуваат дека овој термин е оптимален за времето кое им е потребно на политичките партии не само декларативно да се залагаат, туку вистински да ги реализираат поставените задачи од договорот.

- Advertising -

Од оваа партија се залагаат земјава да има само една изборна единица со што, како што велат, дефинитивно ќе се создадат услови за спроведување на праведни, фер, демократски и кредибилни избори, признати од меѓународната заедница, што ќе биде можност за широка демократизација на македонското општество.

Инаку за избори во октомври или ноември со претходно исполнети услови веќе се изјасни СДСМ, а ВМРО ДПМНЕ засега не прецизираа кој термин за нив би бил најприфатлив.

Поврзани новости