Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои помалку од 50 пратеници

by Фокус 12:57
12:57

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски смета дека на овие избори неговата поранешна партија ВМРО-ДПМНЕ ќе освои помалку од 50 пратеници, иако Груевски цели на повеќе од 62.

Ова Георгиевски го кажа вчера на гостувањето на „Алсат телевизија“ во емисијата „Патот кон“ (слушајте по 35-та минута од интервјуто), а прогнозата ја поткрепува со аферите коишто се појавија меѓу двата круга на претседателските избори.

- Advertisements -

Неговата цел на овие избори се 10 пратеника, а Георгиевски верува дека другите мали партии од македонскиот блок може да земат уште 4 до 5 пратеника.

Поврзани новости