Георгиевски: Сон на Бугарија беше македонски политичар да каже дека Делчев е заеднички херој, а сега не го прифаќа ни тоа

by fokus

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во вечерашното гостување во емисијата 360 степени рече дека сон на Бугарија било македонски политичар да каже дека Гоце Делчев е заеднички херој, а сега кога тоа се случи, тие не прифаќаат ниту таква формулација.

-Ако ги гледаме ставовите на нашиот премиер, претседателот, Гоце Делчев е заеднички револуционер на Македонија и Бугарија. Е, сега Бугарија не го прифаќа ни тоа. Тука гледам суета кај бугарските членови на Комисијата. Како да не сакаат да разберат дека до пред три години никој во Македонија не смееше да каже дека Делчев е заеднички херој на Македонија и Бугарија. Тоа ни јас не го кажував, зашто ќе ме растргаа. Сум кажал дека треба да ја преиспитаме нашата позција. Сметам дека сон на бугарската политката долго време беше македонски политичари да кажат дека Делчев е заеднички херој. И сега кога тоа е кажано, тие како да не сфаќаат што значи за еден македонски политичар да каже такво нешто, вели Георгиевски.

 

Поврзани новости