Георгиевски: Сите предмети што ги отвори СЈО по рокот за обвиненија беа за рекет

by Фокус 10:15
10:15

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, во синоќешното интервју на ТВ 24 изрази сомнеж дека сите предмети на кои Специјалното јавно обвинителство работело по поминување на рокот за поднесување обвиненија биле користени за вршење рекет.

-Кога СЈО заврши со својот мандат почна да процесуира дела, одеднаш се создаде структура на интелектуаци, медиуми, стручни луѓе кои тврдеа дека може да продолжат со обвиненија. Врховниот суд изгласа дека тоа е крајниот рок, па се свртеа и против него. Добивме ситуација каде СЈО свесно влегоа во компромитирање на тие 15-20 нови дела кои можеше Јавното обвинителство да ги спроведе, тие дела ги користеле за рекет. Имам чувство дека за рекет не е користен предметот со Орце Камчев, мислам дека имало повеќе фирми на списокот за рекетирање – рече Георгиевски.

- Advertising -

Тој посочи дека рекетирани биле луѓе и во случајот „Поштенска банка“ каде се споменуваше и неговото име, но, како што истакна, и луѓе поврзани со случајот „Маѓар Телеком“.

Поврзани новости