Георгиевски: Немам надлежност да ослободувам, менаџирав за да не дојде до ескалација

by fokus

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски во изјава за ТВ 24 објаснува дека вчера излегол на местото на протестот во Сингелиќ за да ја менаџира ситуацијата и да не дојде до ескалација.

-Јас менаџирав во делот на превентивно уредување на ескалацијата, на улицата Алија Абдовиќ. Ниту можам да ослободам, јас само им гарантирав дека нема ништо да им фали и дека луѓето ќе бидат ослободени по завршување на сите полициски процедури. Тоа го потврди денеска и министерството за внатрешни работи. Јас таква надлежност да ослободам некој во делот на притворот немам како градоначалник, вели Ѓеоргиевски за ТВ24.

Тој бил во улога на претседател на кризниот штаб на општината и одлуката да излезе и да ја смири толпата била усогласена со МВР, потврди и министерот Чулев. И двајцата се на иста линија околу одговорноста на приведените кои не ја почитувале забраната за движење.

– За мене како градоначалник не постои селективност и разлика заради партиската припадност, религиската припадност…подеднакво законот ќе важи за сите, вклучувајќи го и овој немил настан, без разлика дали се работи за советник од нашата политичка партија, вели Георгиевски.

ФОТО: Клан ТВ

Поврзани новости