Георгиевски: Македонската јавност никогаш нема слушнато дека режисерот на „Рамбо“ е Македонец, само затоа што тој се декларирал како македонски Бугарин

by fokus 22:58
22:58

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во вечерашното гостување во емисијата 360 степени рече дека мораме да го смениме односот кон македонската дијаспора која била на видни позиции во Америка и Канада, а се декларирала како македонски Бугари.

-Ако некој се декларираше како македонски Бугарин ние го шиканиравме. Факт е дека ние кон таа група на луѓе тешко се отвараме.  Имате македонска патриотска органацзија во Америка и Канада која се декларираше како македонски Бугари. Тоа беше една елита на луѓе, градоначалници, директори таму. Зошто македонската јавност никогаш нема чуено дека режисерот на Рамбо е Македонец? Тед Кочев се декларира како македонски Бугарин. Тој самиот кажува дека мајка му е од Егејска Македонија. Вели јас сум растел со идејата за Илиндеското востание. Но и вели јас растев со македонски Бугари и одев во такво школо. И македонската јавност никогаш нема да чуе за него, зашто се декларирал како македонски Бугарин. Мора да го смениме односот кон таа структура на луѓе, смета Георгиевски.

- Advertisements -

Поврзани новости