Георгиевски: Или ВМРО ќе направи влада со ДУИ или ќе има војна!

by Фокус 12:12
12:12

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, кој е носител на пратеничка листа во третата изборна единица, оценува дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не направи влада со ДУИ по парламентарните избори на 27 април, за една недела ќе избие нова војна во Македонија.

– Денеска, после 20 години, некој во Македонија да ви раскажува дека ќе прави влада без Албанци е приказна на која навистина само малоумен може да поверува. Ако некој се реши да го прави тоа, јас ви гарантирам дека за една недела ќе има нова војна во Македонија. Па, доколку Македонците се спремни повторно да војуваат, ако се спремни да ги исполнуваат хировите на ова ВМРО-ДПМНЕ и на оваа власт, тогаш нека гласаат за ваквата политика – изјави Георгиевски во интервју за една локална телевизија.

- Advertising -

Поврзани новости