Георгиевски го демантира Богоески: Кондоминас не сугерираше Груевски да биде премиер

by fokus 14:18
14:18

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, а сега дел од ВМРО-НП, денеска за Радио Слободна Европа ги демантираше тврдењата на Слободан Богоески дека грчкиот бизнисен Димитри Кондоминас го предложил Никола Груевски за министер, а потоа и лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер.

-Не знам какво било пријателството меѓу Кондаминас и Никола Груевски, немам таков впечаток од тоа време и немам некои посебни детали, меѓутоа дека Кондоминас сугерирал Никола Груевски да биде министер, премиер или претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е комплетен нон-сенс, тоа е толкување на еден човек кој се има комплетно искомпромитирано пред правниот систем на Република Македонија и сега сите му се криви. И повторно потенцирам дека Слободан Богоевски треба да ни го раскаже неговиот однос со Кондоминас, колку време се пријатели, каков бизнис однос имале и како дошло на крај тој да му го узурпира имотот на Кондаминас, рече Георгиевски.

- Advertisements -

Тој вели дека Кондоминас немал никаква врска со приватизацијата на ОКТА, туку во Македонија дошол подоцна со приватизацијата на Телеком.

-Кондоминас се појави во Македонија со приватизација на Телеком, меѓутоа никој од Македонија него не го бараше, туку него во Македонија го донесе Дојче телеком. Јас првпат со Кондоминас се имам запознаено кога во Македонија доаѓа еден од директорите на Дојче телеком и го претставува Кондоминас како партнер, тврди Геогриевски.

 

Поврзани новости