Георгиевски: Ако ми го понудат премиерското место, ќе коалицирам со ДПМНЕ

by fokus

Хипотетички, доколку на овие избори освоиме 15 пратеници и ВМРО-ДПМНЕ ни понуди со нивна помош да формираме малцинска влада, ние тоа би го прифатиле, изјави Љубчо Георгиевски пред почетокот на Централниот комитет на ВМРО-НП.

Тој ги обвини Демократскиот сојуз и ФРОДЕМ за пропаѓањето на преговорите за формирање на десен блок. Рече не е вистина дека побарале од нив да биде потпишана изјава дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ. Според него, повеќе се зборувало за тоа не е вистина дека побарале од нив да биде потпишана изјава дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ.

Георгиевски додаде дека ќе се разгледува можноста за реактивирање на преговорите за десен блок, но најверојатно коалицијата ќе биде единствено помеѓу ВМРО-НП, ОМ и Достоинство.

Поврзани новости