Георгиевска: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на пописот е крајно антидржавно однесување

by fokus 13:32
13:32

Најавата од ВМРО – ДПМНЕ за собирање потписи за поднесување закон за поништување на Законот за попис е крајно антидржавно однесување, изјави денеска пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Таа по барање на новинарите на денешната прес – конференција да ја коментира најавата од ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на законот за попис и на прашањето дали можеби очекува бојкот на опозицијата и опструкција за спроведувањето на пописниот процес, нагласи дека оваа иницијатива односно овој начин  на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ околу собирањето на потписи, како што рече, и воедно повикувањето на бојкот на граѓаните за да го бојкотираат пописот е крајно антидржавно однесување.

- Advertisements -

– Се надеваме дека во наредниот период ќе ги преиспитаат своите одлуки околу собирањето на потписи заради тоа што деструктивното однесување и повикувањето за непочитување на законот за попис којшто е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на понатамошните политики особено во однос на економијата, изјави на денешнта прес-конференција пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Поврзани новости