ГДОМ: Се спремаат црни сценарија за федерализација на Македонија

by Фокус

Граѓанското движење за одбрана на Македонија на вечерашниот собир во Велес најави дека ова можеби е нивниот последен контрапротест, бидејќи како што велат, неколку политички партии се плашеле да излезат на избори.

На вечерашните протести тие говореа и дека на Македонија и се спремале „тајни планови за федерализација на државата”.

„Од едни фашисти се спасиле нашите дедовци и татковци, но дојдоа другите за жал предавници, изроди, човекојадци односно канибалисти. Зарем тие ќе дозволиме да не водат. Само да знаете какви мрачни сценарија и какви тајни планови се подготвуваат за нашата библиска Македонија, федерализација на Република Македонија. На 14, 15 и 16 мај се подготвува најстрашното сценарио, од југ ќе ни пуштат 500 илјади мигранти, а од север чекаат браќата од УЧК” –  рече претседателот на Здружението на пензионери Веле Алексовски на почетокот на собирот.

И вечерва контрапротестот, дванаесети по ред, се одржа во центарот на градот пред просториите на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ

Поврзани новости