Заев: Горди сме на сојузништвото со САД

by fokus

Традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот. Посебно значајно е што новата администрација на претседателот Бајден го најави уште поголемото присуство на САД во Европа за реафирмација и развивање на силното транс-атлантско партнерство. Ова го порача премиерот Зоран Заев по повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

„Како стратешки партнер на САД, Северна Македонија е посебно горда што од 2020 година, Северна Македонија и САД се сојузници и во НАТО, најсилната воено-политичка алијанса во историјата на светската цивилизација. Од нашата независност до денес, нашата држава во САД има голем и посветен партнер и поддржувач и секогаш кога земјава беше ставена пред сериозни предизвици, имавме помош и поддршка за заедно да ги надминеме премрежјата и проблемите со бевме соочени“, вели Заев во својот фејсбук статус.

Нашите граѓани, додава тој, денес уживаат поголеми слободи и права, во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава заради нашето партнерство и сојузништво со САД, како и, според него, заради поддршката што земјата континуирано ја добива низ разните програми за поддршка на развојот на нашата демократија и институции.

Поврзани новости