Газдата на Кожувчанка кандидат за градоначалник на Кавадарци од ВМРО ДПМНЕ

by Fokus

Газдата на Кожувчанка, Митко Јанчев е кандидат за градоначалникк од ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци.

Веста денес ја соопштија од штабот на партијата, и на локалните избори тој ќе ги измери силите со Бетијан Китев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од СДСМ.

Кожувчанка се појави на македонскиот пазар како прва приватна компанија за производство на вода во 1995 година. Денес има широка палета на производи, како сокови, ладни чаеви, вода. Овластен производител е на брендот ,,Синалко’’ во земјава. Неговото име подолг период се вртеше во партиските кругови во градот, како за можен кандидат за градоначалник. 

В.К.

Поврзани новости