„ГАВИ“ за „Фокус“: Почнувајќи од февруари Македонија може да ги добие првите вакцини преку КОВАКС

by fokus 19:29
19:29

Во првата половина на 2021 година КОВАКС механизмот очекува да обезбеди вакцини за три отсто од населението на секоја држава која е дел е механизмот. Овој процес може да започне од февруари. Ова во изјава за „Фокус“ го соопшти портпаролот на Алијансата за вакцини „ГАВИ“ која е главен координатор на КОВАКС механизмот.

-Наведената цел на COVAX е да се стави крај на акутната фаза на пандемијата на глобално ниво со доставување на 2 милијарди дози безбедни и ефективни вакцини, на глобална, фер и правична основа до крајот на 2021 година. Додека мнозинството од овие дози ќе бидат доставени во втората половина од годината, очекуваме да можеме да и ја обезбедиме на секоја економија учесничка првата транша – доволно за да се заштитат приближно 3% од населението – во првата половина на 2021 година. Овој процес може да започне уште во февруари во очекување на поволна регулаторна одготвеност на здравствените системи и националните регулаторни системи во одделни економии учеснички, изјави портпаролот на „ГАВИ“.

- Advertisements -

Портпаролот додава дека сега се во процес на оценување на барањата за вакцини на државите и очекуваат да имаат  точни информации овој месец.

Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости