Гатузо е нов тренер на Фиорентина

by fokus

Џенаро Гатузо е назначен денеска за нов тренер на италијанскиот прволигаш Фиорентина, постигнувајќи согласност со клубот од Фиренца помалку од 48 часови откако доби отказ во Наполи.

– Џенаро Гатузо ќе биде нов тренер на Фиорентина од 1 јули, објави кратко попладнево претседателот на италијанскиот прволигаш Роко Комисо на официјалниот клупски сајт.

Гатузо доаѓа на местото на Џузепе Јакини, кој седна на клупата на Фиорентина во март со задача да избори опстанок во Серија А по неочекуваната оставка на Чезаре Прандели.

Според италијанските медиуми, до денеска напладне речиси било извесно дека 43-годишниот Гатузо ќе замине во Лацио, но Фиорентина успеала во последен момент да ги наруши плановите на римскиот прволигаш.

Гатузо во Наполи го наследи Карло Анчелоти на крајот од 2019 година, а неделава доби отказ, откако не успеа да избори место во Лигата на шампиони за следната сезона.

Поврзани новости