Гаспром привремено го запира гасот за Европа

by fokus

Гасоводот Северен тек 1 ќе биде затворен од 31 август до 2 септември поради одржување на единствениот преостанат гасен компресор, објави денеска рускиот енергетски гигант Газпром.

„По завршувањето на работите, транспортот на гас ќе биде вратен на ниво од 33 милиони кубни метри дневно“, соопштија од Гаспром.

Целосниот капацитет на „Северен тек 1“ е 167 милиони кубни метри дневно и ја снабдува Европа со руски гас под Балтичкото Море.

Поврзани новости