Гаши за блокадата од Бугарија: Не е фер, Заев и Борисов да објаснат што се случило!

by Fokus

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во интервју за РСЕ зборуваше за онлајн седниците кои се предложени, но и за Договорот со Бугарија и ЕУ-интеграцијата.

„Ние сме против тие онлајн седници. Проблемот е што никогаш не сме чесни во нашите намери. Ние сме свесни и сите граѓани се свесни дека мнозинството е кревко и денеска немаат 62 пратеника за да протуркаат нешто во Собрание. Двајца-тројца пратеници не доаѓаат никогаш, некои се болни, некои се заразени, така што тие сакаат тоа да го прикријат со друга форма, а тоа е онлајн собранието. Да би биле во нормални услови, кога Собранието би било стабилно, можеби во делот на спречување и справување со ковид-кризата нормално би било тоа да се реализира, во тој контекст. Но кога го знаете контекстот и заднината, а знаете дека тоа е прикривање на кревкото мнозинство, вие мора да се справите со тоа и да кажете дека тоа не е нормално“, вели Гаши.

Во однос на блокадата од Бугарија и Договорот за добрососедство, првиот човек на Алтернатива ќе каже:

„Некој има тука нешто има згрешено и мислам дека обострано има проблем. Јас не знам точно што се случува, но ако денеска имаме „закана“ дека Бугарија би го попречила интеграцискиот процес на државата, а пред три години сакаше да биде првиот промотор за интеграција на нашата држава во ЕУ. Нешто тука се случило. Треба тие актери да ни објаснат што се случило во меѓувреме. Зошто не е почитуван тој договор? Каде е погрешено? Оваа цена ја плаќаме сите граѓани. Не е ниту фер, ниту чесно, некој на сметка на своите партиски интереси да нарушува вакви процеси кои се однесуваат и на државата и на сите граѓани“, додава тој.

Поврзани новости