Гаши: Во упориштата на БЕСА излезноста беше над 50 проценти

by Фокус

Лидерот на БЕСА Африм Гаши вечерва оцени дека oдговорот ДА на референдумот бил аппсолутен за ЕУ и НАТО.

-Tаму каде што Движењето БЕСА ги има своите традиционални гласачи, и излезноста беше над 50 отсто и одговорот ДА на овој референдум бил апсолутен – рече Гаши.

Според него, денеска уште еднаш се потврдило дека еден коректен попис на населението ќе остави последици и на избирачкиот список.

– Во една држава во која службените цифри покажуваат стотици илјади иселеници само во последните 15 години, да се тврди дека 903.000 е 50 отсто од гласачите, беше речиси утопија – истака Гаши.

Поврзани новости