Гаши: Владата е во криза, тешко ќе продолжи да функционира

by Фокус

Лидерот на опозициската Алтернатива, Африм Гаши, на ТВ 21 изјави дека Владата е во сериозна криза и тешко ќе продолжи да функционира.

-Со Заев сме разговарале неколку години наназад за соработка. Имавме соработка пред една година. Ние како опозиција неколку пати кажуваме дека Владата е во сериозна криза, во секоја смисла на зборот. Има криза со пандемијата, неспособна е Владата да донесе вакцини, има сериозни потфрлања во економијата и ред други работи – рече Гаши.

Тој додава дека Заев барал да се приклучат кон владиното мнозинство.

Поврзани новости