Гаши: Наши пратеници нема да преминат во власта, полесно е да се формира ново мнозинство

by Фокус

Наши пратеници нема да преминат во владиното мнозинство, ниту пак имало преговори со СДСМ, истакна лидерот на Алтернатива Африм Гаши на ТВ 21.

-Има доста шпекулации последниот период дека имало преговори со Заев за Алтернатива да биде дел од Владата. Еве кажувам ексклузивно дека немало никакви преговори и разговори со СДСМ. Нема ниту вистина во тоа што го најавува Билал Касами од Беса дека двајца наши пратеници ќе се приклучат кон мнозинството. Ве уверувам дека ние сме супер сложни и така ќе останеме – изјави Гаши.

Тој додаде дека полесно е да се формира ново мнозинство, отколку да се зголеми сегашното.

-Полесно е пратеници од македонските партии да се приклучат кон новото мнозинство, отколку некој од албанските опозициски пратеници да се приклучат кон сегашното мнозинство – рече лидерот на Алтернатива.

Тој посочи дека би биле дел од влада само без ДУИ.

Поврзани новости