Гаши бара резолуција за албанскиот јазик

by fokus

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија ја поттикна албанската опозиција да бара Резолуција и за албанскиот јазик. Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во интервју за Дојче Веле вели дека формулацијата за албанскиот јазик во Уставот е навредувачка и понижувачка.

-По предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, очекувам македонските партии да предложат и резолуција со која ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот кој е дефиниран само како „јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, а кои не се мнозинство.“ Не правете им го на други тоа што не сакате вам да ви го прават – рече Гаши.

И пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири, за Утрински брифинт изјави дека „местото на албанскиот јазик во државата е во Уставот“.

Поврзани новости