Гарет: Случувањата во Парламентот го поткопуваат интегритетот на Македонија

by fokus 18:05
18:05

Амбасадорот на Обединетото кралство во Македонија, Чарлс Гарет денеска оцени дека случувањата во Собранието го поткопуваат и интегритетот на Македонија.

Парламентот е јадрото на демократијата на Македонија. Сегашните случувања во Парламентот на Македонија прават противуслуга за развојот на демократијата. Тие го поткопуваат кредибилитетот на институцијата, во Македонија и надвор, изјави амбасадорот.

- Advertisements -

Тој додаде дека Британија е долгогодишен поддржувач на Македонија и низ изминатите две децении партнерство работи со Македонија да ја зајкне демократијата, а Парламентот е од голем интерес.

-Нашето партнерство со Македонија ќе продолжи. Целосно функционален, транспарентен и одговорен Парламент е срцевината на демократијата, рече Гарет во обраќањето на презентацијата на првиот извештај од проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ на Граѓанската асоцијација Мост.

Поврзани новости