Гардијан: Спорот помеѓу Македонија и Грција доаѓа до својот крај

by fokus

Спорот помеѓу Грција и Македонија кој трае веќе 27 години, изгледа како да доаѓа до својот крај, пишува британскиот весник Гардијан.

– Скопје го испраќа министерот за надворешни работи во Атина на разговори за ставање крај на долготрајниот спор меѓу соседните држави околу името на Македонија. Земјата е подготвена да го испрати министерот за надворешни работи во Грција додека сè почести се шпекулациите дека двете земји се движат кон решавање на спорот за името, кој трае во изминатите 27 години, се наведува во весникот.

“Многу е важно Грција да го реши овој спор, ако тој игра важна улога на Балканот”, изјави за Гардијан, Димитрис Керидис, професор по политички науки на Универзитетот Пантеон во Атина.

Според Гардијан, овој поход се случува во екот на обвинувањата за руско мешање во балканскиот регион. Македонската влада тврди дека поради тоа мешање членството има уште повитално значење.

Поврзани новости