Галуп: Седумдесет отсто Бугари не сакаат отстапки во спорот со Скопје

by Fokus

Значителен процент Бугари не се согласуваат Софија да прави отстапки во спорот со Северна Македонија. Тоа се резултати од телефонска анкета на агенцијата за истражување на јавното мислење Галуп.

Според Галуп, 70 отсто од испитаниците се против тоа Бугарија да го укине ветото за пристапување на Северна Македонија во Европската унија.

Речиси 20 проценти се со спротивно мислење. Останатите се уште се двоумат, јавија бугарските медиуми.

Анкетата е спроведена помеѓу 14 и 16 јуни меѓу 890 полнолетни Бугари.

Поврзани новости