Галетановски: Лично не сум ја навредил Силјановска!

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ бара од Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ за претседател, да го избрка од својот тим Ѓорѓи Галетановски, кој е директор на ЗОО, но и шеф на централниот штаб во Скопје, бидејќи наводно на фејсбук ја навредил Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред партиската коференција, вакво нешто од Пендаровски побараа и неколку медиуми блиски до опозицијата. Тие го обвинуваа Галетановски дека споделил видео од Силјановска, а потоа искоментирал дека треба да се лечи во „бардовци“.

Галетановски, во изјава за „Фокус“ вели дека тој не ја навредил Силјановска.

-Прочитав дека некаде сум прозван дека сум ја навредувал професорката. Прво јас не сум шеф на штаб. Јас сум одговорен за централниот штаб во Скопје. Второ јас не биршам статуси и објави. Никаде лично и со име не сум ја навредил госпоѓата. Гафовите што таа секојдневно ги изјавува ги споделуваат многу луѓе и тоа не е ништо страшно. Ако ја навредило еве ќе се извинам. Нека биде поконцетрирана и подецидна бидејќи кандидат за претседател треба да е одлучен, а не да и биде сеедно. Без разлика што ќе изгуби со минимум 50.000 гласови разлика, вели Галетановски.

Поврзани новости