На никој не му посакувам да го види она што го видов во Обреновац. Тоа се хорор сцени. Имаме временска рамка од 48 часа да им пружиме рака на беспомошните, напуштени и изгладнети кучиња и мачки, тие можат да преживеат само уште толку, раскажува за Пресс онлајн Дејан Милетиќ, познатиот дресер на кучиња кој во Србија е познат и како српскиот Цезар Милан.
„Природната катастрофа што ја зафати Србија донесе тешки моменту за нашиот народ, а во таа паника и во тој страв, ретко кој се сети на напуштените животни, кои ги има илјадници. Сега, кога животите на луѓето се спасени, нашите четириножни пријатели и понатаму се заборавени. Некои од нив, благодарение на прекрасни и хумани луѓе беа спасени од смрт и однесени на сигурно, но има многу што останаа зад ѕидовите од опустошениот град, без храна, вода и рака што ќе ги помилува“, вели тој.
Милетиќ во една од куќите нашол пит-бул кој осум дeна стоел само на задните две нозе, бидејќи останал заврзан на краток ланец. За да не се обеси, тој постојано стоел во истата положба. Дел од кучињата се качиле на покривите на куќите и не се помрднале оттаму. Дел пак, имале простор од само 10 сантиметри на покривот, каде што успеале да се засолнат и таму седеле со денови.
Милетиќ апелира сите граѓани на Србија да се приклучат кон акцијата за спасување на животните – пред се, потребни се донации од вода, храна, поводници и кафези.
Асоцијата на активисти за права на животните од Скопје испрати голем број пакети со храна до Србија за спас на животните кои успеаја да ги преживеат поплавите. Донациски кутии се оставени на повеќе места во Скопје каде што граѓаните можат да донираат парични средства.
Во прилог е галеријата што ги отсликува состојбите на терен во Обреновац и во Парачин, двете најзагрозени места каде што дел од животните се спасени, но стотици останаа заробени и се уште страдаат.






















