(ГАЛЕРИЈА) Заев од Охрид: Покажавме дека сме луѓе од збор

by fokus 23:27
23:27

Овие четири месеци од новата Влада покажавме дека сме луѓе од збор, тоа што го ветуваме, тоа и го остваруваме, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, од вечерашниот последен митинг од кампањата во Охрид.

-Покажавме дека секој ден е можно нешто да се менува кон подобро и време е и Охрид да се приклучи кон тие промени. Од 15-ти почнуваме со решавање на колекторскиот систем, за да имаме чиста и квалитетна езерска вода. Државата ќе ја преземе обврската за колекторот во Охрид и ќе се грижи за Охрид заради тоа што тоа ни е најголемото државно богатство, рече Заев.

- Advertising -
"

Тој потсети на мерките што се реализирани во изминатиот период за доброто на сите граѓани, особено за оние на кои помошта им е најпотребна.

Поврзани новости