ГАЛЕРИЈА Зад сцената на Струмица Опен Фест: Ковачевиќ го бркаа обожавателки, Хасанбеговиќ на лекарски преглед

by Fokus

Со настапите на Црвена Јабука, Дубиоза Колектив и Саша Ковачевиќ завчера заврши големата десет дневна open-air манифестација Струмица ОПЕН фестивал.

Според организациониот одбор на СОФ, ова било најпосетеното издание на фестивалот, со 300 домашни и странски музичари на двете отворени сцени. Посетителите имаа можност да уживаат во летните концерти на Нокаут, Каролина Гочева, Влатко Стефановски со учениците од летната школа за гитара, Камерниот оркестар на Битола, Скопскиот брас квинтет, Сашо Поповски Трио, Fierce, Next Time, Графа, Слаткаристика, Оратница, SAF Sound system, Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Тони Цетински, Afishal, Либеро бенд, Марија Шерифовиќ, Црвена Јабука, Лепа Брена, Саша Ковачевиќ, Дубиоза Колектив… Освен на сцената, многу интересни случки имало и зад сцената на фестивалот.

Дознаваме дека пејачот на Дубиоза Колектив, Алмир Хасанбеговиќ пристигнал во Струмица со повреда на левата рака, која ја добил при пад од сцената на шоу во Сплит, еден ден пред настапот во Струмица. Му била пружена лекарска помош поради болките, а дежурните екипи во Струмица утврдиле дека нема скршеници.

Лепа Брена, која што беше најавена како главна ѕвезда на настанот, поминала доста време во дружба со Марија Шерифовиќ, која исто така беше дел од музичките гости. Шерифовиќ го снимаше настапот на Брена, а двете пејачки се дружеа и на ручек во познат ресторан во Струмица.

Саша Ковачевиќ пак, не можел да побегне од обожавателките. По генералната проба, стотина обожавателки започнале да го следат и дошле по него од сцената дури до хотелот Вила Парк, каде што престојувал. На годинашното издание имаше десет странски и 19 македонски изведувачи, што е најголем број до сега на СОФ.

Сепак, и покрај многуте познати музички имиња, од организацијата велат дека се поминало без проблеми, и како музичарите немале некои посебни барања и хирови. Сите биле скромни, едноставни и расположени за дружба.

Вики Клинчарова

Поврзани новости