ГАЛЕРИЈА Во Скопје се отвори првиот ексклузивен продажен салон на италијанскиот бренд за накит „Rebecca“

by Fokus

Денеска во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје се отвори првиот ексклузивен продажен салон на италијанскиот бренд за накит „Rebecca“.

Брендот „Rebecca“ е сопственост на „Industrie Testi S.p.A. од Фиренца, иноватор во областа на индустријата за накит. Со мрежа од над 1.500 продажни места низ светот, во регионот, после Љубљана и Загреб, Скопје е новата дестинација.

Продажниот салон во Скопје официјално го отворија амбасадорот на Италија, Карло Ромео, а како специјален гостин за отворањето во Скопје беше Ребека Тести, по чие име се води италијанскиот бренд за накит.

На отворањето беа присутни многу гости, личности од јавниот свет и секој од нив имаше можност да го разгледа преубавиот накит, кој за првпат може да се купи и во Скопје.

Поврзани новости