Галерија: Во Шутка уште траат изборите!

by Фокус

Четири месеци по завршувањето на двојните избори кои се одржаа во април, во Шуто Оризари атмосферата е како сѐ уште да трае изборната кампања. Плакати од пратеникот Амди Бајрам и од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска (која беше носител на пратеничка листа на ВМРО-ДПМНЕ) има на секој чекор.

Според Изборниот законик, организаторите на изборната кампања се должни во рок од 30 дена да ги отстранат сите плакати, а во спротивно следуваат парични казни. Но, ова не е случај со општината Шуто Оризари, а богами и со останатите општини, каде што билбордите од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски со месеци не се отстрануваат.

Поврзани новости