ГАЛЕРИЈА: Училишно шоу, 10-ка за Карпош во Драмски театар

by Fokus

Вчеравечер во Драмскиот театар во Скопје традиционално по трет пат се одржа најголемото училишно шоу во Општина Карпош овој пат во ретро стил од 80-тите години.

Наставници заедно со учениците од 10 –те основни Карпошови училишта направија вистински спектакл танцувајќи и пеејќи во ритамот на најголемите светски хитови од 80 –тите.На сцената продефилираа преку 300 наставници ,ученици и родители со фантастични и оригинални точки.

Фасцинантно беше да се видат биолози,математичари,хемичари,информатичари , одделенци кои дневникот и кредата ги заменија со микрофон и артистички перформански кои предизвикаа бурни аплаузи и одушевување од бројната публика.

Наставниците со своите трансформации во  Мадона, Мајкл Џексон, Патрик Свејзи, Фреди Меркјури, Синди Лопер ,Тина Тарнер и уште многу легендарни ретро музички легенди ,заедно со учениците покажаа дека се вистински професионалци и неверојатни таленти.

Во рамките на вчерашното шоу свечено беа наградени и наставниците во другите категории како најкреативен училишен двор, најинспиративна карпошова сторија и најуспешен проект.

Проектот 10-ка за Карпош е проект поддржан од Општина Карпош, носител на проектот е Фабрика продукција, а креатор и организатор Рената Поповска.

Поврзани новости