ГАЛЕРИЈА: Три чекори на Амди Бајрам во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус 22:38
22:38

Откако беа забележани изборни нерегуларности во општината Шуто Оризари, пратеникот Амди Бајрам се појави во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше прогласена победа на коалицијата „За подобра Македонија“ во првиот круг на претседателските избори. На фотографиите може да се види и Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика и сопартиец на Амди Бајрам, со кој Радмила Шекеринска од СДСМ денеска имаше вербална расправија.

Сепак, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ не ја спомна општината Шуто Оризари како дел од оштините каде што владејачката партија извојувала сигурна победа. Пратеникот Амди Бајрам, според извори на „Фокус“, се навредил поради тоа што „неговата“ општина не била спомната на прес-конференцијата, што може да се види од фотографиите подолу. На крај тој попушти, па му пружи рака на Ѓорчев со честитки за победата, но на неговото лице сепак јасно може да се види негодување.

- Advertising -

Забрането е преземање на фотографиите без дозвола од нашиот фоторепортер Томислав Георгиев

Поврзани новости